Merry Christmas

среда, 14. децембар 2011.

Зима

Дојде Зимата на снежнобели крила,а облаците натежнале со снегулки бели.Снегот ги побеле покривите на куќите,улиците,ги покри голите гранки и планините.Децата се санкаат со своите санки,радосно снешко прават и со снежни топки се маваат.Тие се понесени со блескав сјај, кој на децката игра  и нема крај.А снегот снежи, снегот бел кој е убав како ден!!!





Есен

Есен...Едно од најубавит годишни времиња.Есента во мојот крај дојде со позлатена кочија.Таа е прекрасна убавица облечена во жолто-позлатена руба.Сигурно и  самите можете да забележите природата како да ја зафатила некаква доцна есенска треска.Пожолтените лисја на дрвјата паѓаат од своите гранки што бдеат во воздухот.Ветерот тивко си играше,подигајќи ги нагоре-надолу,а потоа ги спушташе на земјата постилајќи под нашите нозе.Северецот веќе ги зауздил своите сиви коњи,и како победнички витез од волшебните бајки во полто ги успал најубавите цвеќина.По небото се почесто се бркаат сиво-белите облаци и ги навестуваат есенските дождови,а птиците  што останаа со нас да ја пречекаат  и оваа зима се потажно црцорат.Планините,парковитe,дрворедите и  градините ја сменија својата слика.Зошто тоа така мора да биде? Затоа што се се  одвива по непишаното правило на природата.Затоа велиме дека есента е волшебен сликар на природата.Јас се восхитувам на овој есенски пејсаж!!!


Лето

Летото е едно од најубавите годишни времиња.Летото е жешко и суво со високи температури од кои се ладиме со вкусни сладоледи или лимонади.Летото најмогу го сакам поради летниот распуст.Децата не одат на училиште и по цели денови си играат,шетаат или се разладуваат во градските базени.Семејствата заминуваат на одмор каде си поминуваат незаборавно.Во лето се собираат жолтите житни растенија,зреат сочните овошја како лубеницата,праската дињата и др.







     

четвртак, 8. децембар 2011.

Пролет

Во пролет  птици прселници доаѓаат од југ.Кокичињата,темјанушките ја најавуваат пролетта.Дувна ветрето Развигорче и го стопи снегот.Појде  до нашата цреша и и шепна да се разбуди и да ги пушти своите цветчиња.Но тоа не остана тука,туку поита низ гранките на дрвјата,да им соопшти дека ја носи пролетта. Разиграното ветре Развигроче задоволно што ја разбуди целата природа и сe вивна нагоре.Насекаде сe чуствуваше природен и опоен мирис.Мирисот на Пролетта